НБА ретро колумна на Димитар Младеновски: Larry Johnson – “Mike Tyson во NBA“

0
175

Lawrence Demetric Johnson од Dallas (Texas). “L J” или  “Grandmama”, боксерот кој ракавиците ги замени сo борба под обрачите. Крило од 201 cm. а тежок 115 kg. Приказна за еден физички најсилните играчи кој играле кошарка.

Charlotte Hornets (1991-1997)

За Larry Johnson кошаркарската јавност дозна уште во 1987 год. кога стана најдобар средношколец во Америка. Во  NBA влeгува како прв пик избран на драфтот ’91 год. по сјајната college кариера каде е избран за играч на годината и по освојувањетo на NCAA  насловот со својот универзитет UNLV. По самото пристигнување во Charlotte станува инстант сензација. На клубско ниво тимот бележи успех, а Johnson е прогласен за дебитант на сезоната 1990-1991.

Сезоната 1991-1992 доаѓа Alonzo Mourning и се приклучува на веќе талентираниот тим во кој Johnson е сметан за лидер на тимот кој заедно со остатокот од “стршлените” Dell Curry (таткото на Steph Curry), Muggsy Bogues  станува еден од најатрактивните тимови во лигата. Го добива најбогатиот договор во историјата на NBA во тоа време (84 милиони долари за 12 години). Следуваат 5 сезони во кој Шарлот е playoff тим скоро секоја година, а и покрај пеховите кој им се случуваат и несреќите со повреди дури успеваат да парираат на тим како Chicago Bulls (од кој губат во полуфиналето на Истокот 1995 год. по враќањето на Michael Jordan во составот). Станува заштитно лице на брендот Converse каде го добива и надимакот “Grandmama”

Во меѓувреме Larry Johnson прераснува во трикратен All Star играч и освојувач на златниот медал преставувајќи ја својата земја на FIBA World Cup 1994 година во Торонто (Канада) каде заедно со својот тимски колега Alonzo Mourning делуваат исклучително силно. Целиот Свет виде за каков ѕвер станува збор – моќен и брз (особини кој и денес ретко кој крилен центар ги поседува).

По отворената “војна” со подеднакво талентираниот и квалитетен тимски колега (и олимпиец) Alonzo Mourning иронично двајцата завршуваат во нови тимови во рок од 10 месеци. Управата решава да одстрани “центарски тандем” кој можеше да биде рецепт за шампионска титула. Hornets- и по тешката ’95-’96 сезона (во која за влакно го пропуштаат  playoff-от) се решаваат за шокантна размена која Johnson го праќа во New York во замена за Anthony Mason и Brad Lohaus.

NEW YORK KNICKS (1997-2003)

Вториот дел од кариерата на Johnson беше успешна и полна со драма и возбудување. Приклучувајќи се на исклучително квалитетен тим со врвни борци (Patrick Ewing, Charles Oakley, John Starks) доживува одлични сезони. Подоцна (1999) во тимот ке пристигнат Latrell Sprewell и Marcus Camby со што тимот стана по енергичен и побрз што му одговараше на L.J. Во тоа време не беше многу коментирано но Јоhnson се мачеше со болки во грбот речиси целиот период кој го помина во New York City. Можеби не беше истиот тип на играч но затоа го подобри шутот од поле, како и за три и играше на приближно All Star ниво. Стана комплетен играч и важен дел од тимот кој до денес е единствен кој како 8-мо пласиран стигнал до финалето на NBA во 1999 год. каде загубија од San Antonio Spurs. За неговата легендарна 3-ка под фаул (“the 4 point play”) се зборува до денес.

По најголемиот успех на тимот по подолг период следуваат уште две релативно успешни сезони но во “големото јаболко” очекувањата се секогаш на највисоко ниво. Во меѓувреме проблемите со кој се соочува  L.Ј. и константните болки во грбот го мачат се повеќе. И покрај тоа игра преку 80% од натпреварите (под терапија) на кој пружа солидни партии. Игра често, има висока минутажа и одличен процент на шут. Но не е повеќе оној неуморен ѕвер кој носеше се пред себе и го оправдува епитетот миленик на публиката. На огромно жалење на армијата навивачи излегуваат информаиите за хроничните повреди на грбот што го принудуваат “боксерот” да стави крај на својата играчка кариера на само 31 годишна возраст.

РЕЗИМЕ:

Замислете го Mike Tyson во 90-тите на кошаркарски терен со 20 cm. повеќе. Агресивноста на борци како Ben Wallace и Charles Oakley и на тоа додате го шутот од дистанца на David Robinson или шутот за 3-ка на високи крила како Glen Rice и Paul Pierce – од прв до последен NBA шампиони. Тоа беше Larry Johnson пред да попушти грбот. Дефиниција за моќ и чиста сурова сила. Физички најсилното крило на 90-тите.

Денес (татко на 5 деца – сите активни спортисти) повторно е кај своите Knicks-и. Од 8 Април 2012 е задолжен како главен организтор за напредокот на играчите во тимот како и за емотивниот раст на младите играчи. Larry Johnson остана во New York и подеднакво придонесува денес како и кога жареше и палеше на теренот.

NBA FAN

Димитар Младеновски

Прочитајте ги претходните колумни на Димитар:

НБА колумна на Димитар Младеновски: Магичниот PENNY

NBA колумна на Димитар Младеновски: БАЛКАНОТ ЈА РАЗБРАНУВА НБА

Ретро НБА колумна на Димитар Младеновски: SHAWN KEMP – Ѕверот од 90-тите

НБА колумна на Димитар Младеновски: Титулата е многу поблиску на дофат за LAKERS одколку што мислевте

НБА колумна на Димитар Младеновски:Toronto Raptors – Лажниот фаворит од Северот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here