Услови за користење

Добродојдовте на интернет порталот на МК ВЕСТИ. МК ВЕСТИ ви овозможува користење на услугите и содржините на својот интернет портал кои се регулирани со овие Услови за користење и важат за сите содржини, страници, услуги, интернет домени и поддомени кои се во сопственост на МК ВЕСТИ. Со користењето на интернет порталот на МК ВЕСТИ, неговите страници, содржини и услуги се смета дека корисниците во секој момент се запознаени со овие Услови за користење и дека во целост ги разбираат и прифаќаат.

Обврски на корисниците при користење на порталот и услугите

На корисниците на МК ВЕСТИ не им е дозволено:

а) објавување, испраќање и размена на содржини кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или е штетен на било кој друг начин;

б) објавување, испраќање, размена и пренесување на информации за кои посетителите знаат или претпоставуваат дека се лажни, а чие користење би можело да им нанесе штета на другите корисници;

в) лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;

г) манипулирање со информациите со цел прикривање на потекло на содржините кои се објавуваат или испраќаат преку услугите на МК ВЕСТИ;

д) објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права;

ѓ) oбјавување, испраќање и размена на несакани содржини на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења.

е) свесно објавување и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;

ж) собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници

МК ВЕСТИ го задржува правото да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на овие Услови за користење, како и да ги укине корисничките налози на регистрираните корисници без претходна најава во случај на недозволено користење, односно при повреда на овие Услови за користење.

Со прифаќање на овие Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека услугите и содржините на МК ВЕСТИ ќе вклучуваат реклами, разни известувања, пораки од администраторите и слични пораки од МК ВЕСТИ за редовно известување на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на порталот МК ВЕСТИ.

Авторски права

Содржините објавени на порталот на МК ВЕСТИ се состојат од сопствени содржини, содржини од партнери/извори/автори кои се користат со нивна дозвола и прес/промотивни материјали наменети за слободна употреба во медиумите. Содржините на порталот и услугите се заштитени со авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од МК ВЕСТИ или сопствениците на содржините кои МК ВЕСТИ ги објавува со дозвола од партнерите и други издавачи. Содржините, податоците и информациите објавени на МК ВЕСТИ може да се користат само за индивидуални потреби на корисниците и на нивна сопствена одговорност со почитување на авторските и сопственичките права и правата на трети лица.

Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права на порталот, должен е да ја извести МК ВЕСТИ на kontakt@mkvesti.mk.

Линкови кон други интернет страници

МК ВЕСТИ содржи линкови кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви. МК ВЕСТИ нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствениот портал и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица.

Содржини добиени од корисниците и посетителите на МК ВЕСТИ

МК ВЕСТИ не ја контролира содржината која ја разменуваат нејзините корисници и не може да ја гарантира нејзината точност, потекло или квалитет. Во случај на сознание дека некоја содржина ги прекршува правните прописи на Република Македонија и/или меѓународните закони или го нарушува угледот на МК ВЕСТИ како медиум, МК ВЕСТИ го задржува правото на отстранување на таквите содржини од порталот без претходна најава. МК ВЕСТИ нема на било каков начин да биде одговорна за содржини или губење и оштетување на содржини кое настанало поради користење на порталот на МК ВЕСТИ.

МК ВЕСТИ не е сопственик на содржините кои ги објавуваат или разменуваат посетителите на порталот и на нејзините услуги. МК ВЕСТИ го задржува правото да користи некои од овие содржини во промотивни цели за Услугите во кои содржината е објавена.

Јавно достапна содржина се сите содржини кои им се достапни на сите посетители на порталот и услугите.

Сите самоиницијативно пратени материјали, а посебно фотографии, видеа, текстови и слични авторски материјали (во понатамошниот текст: Материјали) можат еднаш или повеќе пати без временско ограничување, но и не мораат, да бидат објавени на порталот и услугите на МК ВЕСТИ. Испраќачите на овие Материјали прифаќаат дека за испратените Материјали нема да биде исплатен никаков хонорар. Сите лица кои самоиницијативно испраќаат Материјали гарантираат дека истите Материјали претставуваат нивна сопственост и дека ги поседуваат авторските права.

Содржини од огласувачите

МК ВЕСТИ не е одговорна за содржината на страниците на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на порталот на МК ВЕСТИ.

Заштита на приватноста и личните податоци

МК ВЕСТИ се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на порталот. МК ВЕСТИ може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на МК ВЕСТИ, како и развивање на што поквалитетни услуги. МК ВЕСТИ под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.

При вашата посета на порталот mkvesti.mk серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

МК ВЕСТИ се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но МК ВЕСТИ не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.

Забрана за користење на порталот, услугите и укинување на кориснички налог

МК ВЕСТИ го задржува правото на поединечни корисници да им забрани пристап до порталот, одредени делови од порталот или услуги за кои се регистрирани, а без претходна најава и образложување. МК ВЕСТИ не сноси никаква одговорност за било каква штета настаната од забрана за пристап или укинување на корисничкиот налог.

Промена на содржините на порталот и услугите

МК ВЕСТИ го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на порталот и услугите без обврска за претходна најава. МК ВЕСТИ не е одговорна за било каква штета настаната од овие промени.

Промена на Условите за користење

МК ВЕСТИ го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои произлегле од такви промени. Промените стапуваат на сила со објавување на порталот или услугите на МК ВЕСТИ.