Мотоциклист загина во тешка сообраќајка на патот Штип-Делчево

118

Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на излезот од градот.

-На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани, информира МВР.

Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.