Исклучително ефикасна NBA ноќ.
Мемфис гостуваше во Хјустон а Џа Морент повторно на дело ја покажа својата игра и врвната форма на стартот од првенството. Морент имаше страшна партија од 49 поени и 8 асистенции што донесе нов триумф за “мечките” (129:122). Тимот од Тенеси стигна до втората победа сезонава.
Денвер се судри со Голден Стејт во меч кој беше возбудлив и интересен до последните секунди. Гостите од Колорадо успеаа да си заминат со голема победа од 128:123. Никола Јокич одигра на MVP ниво, оствари “трипл-дабл” учинок (26 поени, 10 асистенции и 12 скокови) а срдечна помош доби од новодојдените Брус Браун (20 поени) и Контевиус Калдвел-Поуп (17 поени) и повратникот Мајкл Портер Јуниор (17 поени). На спротивната страна, Стеф Кари постигна 34 поени (најмногу на натпреварот) што се покажа не доволно за зачувување на домашниот терен.
Портланд Треил Блејзерс и Феникс Санс одиграа драматичен натпревар во кој регуларните 48 минути не беа доволни за да го добиеме победникот. Во дуелот помеѓу Демиен Лилард и Девин Букер, капитенот на “блејзерси” излезе како победник. По долполнителните 5 минути игра, “санси” го “положија оружјето” (113:111). Лилард постигна 41 поен и очекувано, беше главна причина за триумофот на тимот од Орегон.
И во Минеаополис се играше продолжение. Дианџело Расел успеа да го израмни резултатот и да изнуди дополнителни 5 минути игра. Младиот тим на “Џезерите” беше далеку по снаодлив и ги изненади “волците” со победа на гости со 132:126. Шест кошаркари на Јута имаа двоцифрен број на поени, а водечки беше Џордан Кларксон со 29 поени. Кај домаќините, Ентони Едвардс реализираше 30 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски