Во северна Србија се урна борбен авион „МиГ-29“ од Војската на Србија. Засега нема информации за повредени, а причината за падот не е позната. Ова не е прв инцидент со ваков вид летала во тој регион.
Во северна Србија, на поле помеѓу Нова Пазова и Стара Пазова, денеска се урна воен авион. Леталото ѝ припаѓа на Војската на Србија; според неофицијални информации од српските медиуми, станува збор за борбен авион „МиГ-29“.
Засега нема информации за евентуални повредени лица или за судбината на пилотот. Причината за падот сè уште не е позната, а официјално не е потврден ниту точниот тип на авионот.
„МиГ-29“ е борбен авион со два мотори, произведен во Советскиот Сојуз, развиен во текот на 1970-тите години, првенствено за борба во воздух и за заштита на воздушниот простор. Во оперативна употреба влезе во раните 1980-ти, а различни верзии и денес се користат во бројни земји.
Српската војска ги користи овие авиони за надзор и заштита на воздушниот простор, пресретнување на други летала и за борбени мисии. Србија дел од својата флота наследи од југословенскиот период, додека дополнителни летала беа набавени од Русија и Белорусија.
Во истата област и претходно се случувале падови на воени авиони. На 7 јули 2009 година, авион „МиГ-29“ на Војската на Србија се урна во близина на Батајница, при што загинаа пилотот, потполковник Раде Ранѓеловиќ, и војникот Милан Улемек, кој се наоѓал на земјата. Несреќата се случила за време на лет во близина на воениот аеродром.
На 26 септември 2012 година, во Нова Пазова се урна и школски авион од типот „В-54 Ласта“. Пилотот, мајор Горан Савиќ, загина, додека другиот пилот, потполковник Томислав Беќаговиќ, се здоби со полесни повреди. Авионот паднал во двор меѓу станбени згради, а според информациите од тоа време, причина за несреќата бил дефект на командите.


![[ВИДЕО] Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај „Тумба кафе“ во Битола](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/pyHx6-granata-granati-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)



















![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-100x70.png)

