Резултатот од синоќешниот дуел помеѓу Мајами Хит и Торонто Репторс остна во втор план.
Главна причина беше судирот помеѓу играчите и тепачката во третата четвртина. При еден дуел под кошот, Кејлеб Мартин и Кристијан Колоко имаа најпрво вербален дуел кое прерасна во борачки судир во првите редови на трибините. За среќа на сите, играчите на обата тима како и обезбедувањето успеаа да ги раздвојат завојуваните страни и да спречат посериозен инцидент.
По хаосот кој настана се очекуваат казни за двата играчи. Мартин и Колоко веднаш беа исклучени од натпреварот а да не беше присебноста и навремената реакција на повеќето, ќе беше далеку посериозно.
Натпреварот заврши со победа на домаќините од 112:109, а водечки кај “Жешките” беше Џими Батлер со 24 постигнати поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















