Температура до -10 степени е измерена утрово на Попова Шапка. Во Крива Паланка утринската температура се спуштила до -6 степени, а во Крушево и Берово до -5 степени.
Минусни температури се измерени и во Лазарополе, Виница, Струмица, Штип и Прилеп. Над нулата утрово температурите биле во Претор, Скопје, Охрид, Тетово, Битола, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Лазарополе (20 литри на метар квадратен), а најмалку во Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани.
За денеска се најавува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.










![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


















