Екипата на Чикаго Булс во новата сезона влегува со играч кој треба да го води нападот на тимот во годините кој ни следат. Кејлеб Вилсон е новата надеж на “булси”.
Избран како висок 4-ти пик на овогодишниот драфт, за многумина претставува полн погодок. 20-годишното крило доаѓа по година помината во легендарната универзитетска школа на Северна Каролина а она што многумина ги изненади е неговата желба за напредување уште на самото пристигнување на големата сцена. Летниот период го помина во кампот на “биковите” тренирајќи со поискусните од него. Кај Вилсон освен неспорниот талент во прв план испливува неговата разновидност во нападот. Висок е 208 сантиметри, поседува одлични поентерски потенцијал и стабилно водење на топката. Поентерските способности кој ги поседува на волку рана возраст го прават еден од најперспективните млади поентери кои допрва доаѓаат. Експертите му предвидуваат дека со леснотија може да постигнува над 20 поени по натпревар, дури и во својата дебитантска сезона.
Во секој случај, управата на Чикаго има големи причини за радост. Нивниот главен поентер штотуку пристигна во “ветровитиот град”.
NBA FAN
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















