Градското дерби во “градот на ангелите” донесе многу возбудувања.
Во натпревар на коj “Клиперси” водеа со 16 поени предност, “Лејкерси” успеаа да се вратат и да поведат во последната четвртина. Лошиот шут на далеку по славниот тим од Лос Анџелес беше клучна причина што градсокото дерби (осми пат по ред) припадна на помалиот тим.
“Клиперси” победија со 103:97 во првиот натпревар на Каваи Ленард по пауза од 16 месеци. Ленард постигна 14 поени влегувајќи од клупата за резерви. Кај победникот 6 играчи постигнаа двоцифрен број на поени а на спротивната страна новодојдениот Лони Вокер беше лидер со 26 постигнати поени.
На овој натпревар Леброн Џејмс постигна 20 поени и влезе меѓу топ 10 во историјата по бројот на погодени тројки. Ужасна шутерска вечер имаа Расел Вестбрук, Патрик Беверли и Кендрик Нан кој погодија само 1 од 25 обиди од поле.
Филаделфија го пречека Милвоки во натпревар кој беше неизвесен до последните секунди. Весли Метјус погоди клучна тројка по што следуваше неуспешен шут на Џејмс Харден за победа и конечни 90:80 за “Бакси”. Јанис Антетокумпо беше стандарден лидер за тимот од Висконсин, со дабл-дабл учинок од 21 поен и 18 асистенции, следен од Брук Лопез со 17 поени. Кај “сиксерси”, Џејмс Харден постигна 31 поен а (ланскиот прв стрелец) Џоел Ембид имаше прескромни 15 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски