Синоќешната NBA програма сочинуваше 4 натпревари.
Мемфис Гризлис го пречека Милвоки Бакс.
Крајниот епилог ги изненади сите. Во натпревар на кој се очекуваше крајна неизвесност, младите “гризли мечки” го демолираа гостинот од Висконсин. Крајниот резултат 142:101.
Џа Морент оствари “трипл-дабл” со 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции за само 26 минути поминати во игра. Мемфис водеше убедливо од самиот почеток па главните играчи имаа лимитирана минутажа.
За Мемфис ова беше седма победа по ред со што се искачија на врвот од Западната конференција, со биланс 19-9.
Хјустон Рокетс го пречека Мајами Хит и следуваше исклучително интересен натпревар.
Момците од Флорида имаа двоцифрена предност се до последната четвртина кога “ракетите” направија серија и се вратија во игра. Кевин Портер имаше шанса да го израмни резултатот но, беше неуспешен. Добрата одбрана и искуството беа пресудни за гостинска победа од 111:108.
Тајлер Хироу имаше убиствено шутерско издание и постигна 41 поен а Џими Батлер придонесе со “дабл-дабл” учинок од 20 поени и 10 скокови.
Најнеизвесниот натпревар од синоќа се одигра во Солт Лејк Сити каде “џезерите” го пречекаа Њу Орлеанс Пеликанс.
Регуларните 48 минути не беа доволни да се реши победникот, а домаќините беа поснаодливи во продолжението.
Џордан Кларксон одигра одличен меч и постигна 39 поени а кандидатот за играч со најголем напредок сезонава, Лори Марканен постигна 31 поен.
Во тимот од Луизијана, Зион Вилијамсон постигна 31 поен.
Лос Анџелес Клиперс го пречека Феникс Санс.
Гостите од Аризона доминираа во текот на целиот натпревар и веќе на полувремето имаа огромни 27 поени предност.
По таква добра игра, очекувано победија со 111:95.
Водечки кај “сонцата” беше Микел Бриџис со 27 постигнати поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски