На денешен ден Чикаго Булс го пречека Торонто Репторс.
“Јунајтед центар”-от беше стандардно исполнет до последното место. Резултатот во ниеден момент не беше доведен во прашање. Чикаго водеше во текот на целиот меч и на крајот победи со 110:98.
Мајкл Џордан беше водечки стрелец со 24 поени за само 30 минути поминати на паркетот. Втор стрелец во составот беше Тони Кукоч со 18 поени а Лук Лонгли постигна 16 поени.
На спротивната страна кај младиот тим од Канада, Дејмон Стадемаер беше водечки со 26 поени и 12 асистенции следен од (тогашниот дебитант) Маркус Кемби кој постигна 23 поени.
Ова претставуваше трета победа по ред за “биковите”, а успеаа да триумфираат и во наредните пет натпревари.
Чикаго, во оваа натпреварувачка сезона повторно беше прво пласиран тим на Истокот со 69 победи и (само) 13 порази.
Во големото финале се судри со Јута Џез и ја освои петата круна во тимската историја.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















