NBA-Фаворитите на чекор до конференциско финале (ВИДЕО)

521

Подобро пласираните тимови рано сабајлево извојуваа важни победи.

Најпрво, Феник Санс стигна до огромен триумф од 30 поени разлика против Далас Маверикс (110:80) и го дели една победа до конференциското финале. Фуриозната трета четвртина која “сонцата” ја добија со 33:14 беше клучна за крајниот епилог. Девин Букер беше прв стрелец со 28 постигнати поени следен од центарот Диандре Ејтон кој реализира 20 поени.

Во вториот меч од синоќешната програмата, Мајами ја демолира Филаделфија и дојде на чекор до финалето на Истокот. “Жешките” победија со 120:85 пред се поради балансираниот напад во кој 7 играчи имаа двоцифрен број на поени. Водечки беше Џими Батлер со 23 поени водејќи го тимот од Флорида до предност од 3:2 во серијата.

NBA FAN

Димитар Младеновски