Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата и соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.
Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата.
-Еден од главните приоритети на оваа Влада е зголемување на благосостојбата на граѓаните, намалување на невработеноста и креирање на мерки насочени кон балансиран и ефективен пазар на труд, затоа на последната седница срочивме оперативе план за вработување вреден 40 милиони евра со кои ќе бидат опфатени над 16 илјади наши сограѓани, од кои 12.537 лица во активни мерки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување. Со овој план се опфаќаат две глави точки, првата е директна поддршка за старт-ап бизниси на млади, втората работа е организиран пристап во сузбивањето на пожари за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините каде ќе има потреба, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво, изјави премиерот.
Рече дека се очекува голема вклученост на млади бидејќи мерките кои биле креирани имале за цел да ја опфатат токму оваа категорија на граѓани.
-Да не се заборани дека се затекна хаос, работници кои не добиваат редовно плата, состојба на млади кои гледаат безперспективност, индустриско производство кое бележи минусни салда и огромна инфлација. Со ова се боревме секој ден речиси една година работа на оваа Влада. Затоа на последаната седница срочивме оперативен план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка во работата вреден 40 милиони евра кои ќе опфатат на 16 илјади наши сограѓани, изјави Мицкоски.
Во оперативниот план за активните програми и мерки за вработивање и услуги за пазарот на трудот за 2025 година се утврдуваат и-програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат креирање на нови работни места и зголемување на вработеноста, на невработените лица посебно на младите, долгорочно невработените и корисницита на минимална помош, потенцира премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата на РМ.