Вчера го вброивме меѓу најомразените играчи од страна на навивачите а денес дознаваме дека ќе го промени клубот.
Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер и официјално го напушта “Стемфорд бриџ”. Од 1-ви Јули германскиот фудбалер пристигнува во Реал Мадрид каде ќе потпише четиригодишен договор. Според информациите од Шпанија, неделната плата на Рудигер би била 315.000 фунти.
Флорентино Перез го најави Рудигер како едно од трите засилувања кој планира да ги доведе на “Сантијаго Бернабе”. Во првиот обид успеа да доведе одличен дефанзивец кој и тоа како е спремен да ја промени средината по проблемите кој цела сезона ги има со навивачите на Челзи. Додека се очекува официјалната потврда од страна на “кралевите” останува да се види дали ќе успеат во своите намери да ги доведат Килијан М’Бапе и Пол Погба.
Димитар Младеновски






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















