Гвардиола: Де Бруин не е за продажба

0
90
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека играчот од средниот ред Кевин Де Бруин не е за продажба.
Белгиецот во моментов се опоравува од повредата која ја заработи за време на тренинг во средината на август.
– Кевин е многу добар, динамичен играч. Тој прави се сам. Де Бруин е неверојатно момче. Клаузулата во неговиот договор е 250 милиони евра, па извинете, тој не се продава, изјави Гвардиола.
Минатата сезона, 27-годишниот Де Бруин учествуваше во 37 натпревари, во кои запиша 7 гола и 17 асистенции. Со Сити стана шампион на Англија, а на Светското со Белгија се избори за бронзениот медал

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here