Каков татко, таков син.
Шекил Ван Перси (синот на легендарниот холандски репрезантативец Робин Ван Перси) го потпиша својот прв професионален договор.
Тимот кој ќе ја има честа да го има овој млад и перспективен талент во своите редови е клубот од каде потекнува неговиот татко, Феенорд. 15 годишниот Ван Перси потпиша три годишен договор со тимот од Ротердам.
Оваа година во младинската лига до 16 години, постигна 12 погодоци. Според фудбалските аналитичари, помладиот Ван Перси ги има сите предиспозиции да стане голем играч и му се предвидува блескава кариера.
Робин Ван Перси е сметан за еден од најголемите фудбалери на Холандија на сите времиња.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















