NBA колумна на Димитар Младеновски-“Магичниот Шек” (ВИДЕО)

679

Секојдневно во комуникација со мои пријатели, дебатираме за кошаркарските почетоци на големите имиња. Меѓу најголемите (буквално) е името на Шекил О’Нил. Оние кои имале можност да го проследат неговиот професионален пат, во најголем процент се негови големи фанови. Мора да се има во предвид дека станува за атлета која ретко кој може да ја објасни на правилен начин. “Шек” е кошаркар кој се адаптираше на условите во кој игра на најдобар можен начин.

Четирикратен шампион, 14-кратен “Аll Star”, носител на две Олимписки злата, член на “Халата на славните”. Повеќето го знаат неговот богато резиме. Наша чест и задовлство е да се потсетиме на неговите први 4 сезони на големата сцена. Времето на доминација кое допрва следуваше беше повеќе од импресивно. Почетоците на (единствениот) “Супермен” покажаа јасно изразена тенденција за каква величина ке стане збор на почетокот на новиот милениум. Пишувавме и за неговото пријателство со ултра талентираниот Енферни “Пени” Хардавеј, како тандем кој (за жал) прерано се раздели.

NBA колумна на Димитар Младеновски – 10 тандеми кој прерано се разделија

Младиот “Шек” секојдневно фасцинираше со непреслушлива енергија, специфично и префинето чувство за игра, како и чиста сурова сила. Несватлив за одбраната на противничките тимови, секогаш спремен да најде ефикасно решение за успех на тимот од Флорида. Немилосрден, дури суров кон противничките обрачи. Инспиративен за своите соиграчи и човек кој остави неизбришлив печат. Великан! Уживајте во ова видео, во кое на дело се нај “магичните” моменти од неговиот период во Орландо. “Вистинско чиста магија”!