NBA колумна на Димитар Младеновски-Денис Родман изнесе шокантни факти (ВИДЕО)

1728

Една од најзабавните и најработливи (највредни) атлети кои се појавиле низ историјата во спортскиот свет е единствениот Денис Родман. Секогаш кога имаме шанса да слушнеме податоци и факти за неговиот бурен живот, како и инсајдерски информации за неговиот ултра успешен престој во Чикаго, за сите нас (кој сме кошаркарски фанатици) претставува вистинско богатство.Уникатниот Родман во три сезони поминати во дресот на “биковите”, освои три шампионски титули. Беше во тим предводен од Мајкл Џордан, со фантастично силна поддршка во Скоти Пипен, Тони Кукоч, Стив Кер, Рон Харпер и остатокот од легендарниот состав од “ветровитиот град”. Според неговите соиграчи, токму тој бил онаа алка која недостасувала за да се остварат замислите на најтрофејниот тренер на сите времиња Фил Џексон.Родман е еден од најпотценетите како и најинтелегентите кошаркари кој некогаш се појавиле на теренот. Во ова кратко интервју, успеа да изнесе (еден куп) шокантни факти за периодот кој го помина во најдобриот кошаркарски тим кој некогаш постоел. Се сеќаваме на финалето 1996 година, против тимот на Сиетл Супер Соникс. Во таа финална серија Денис (буквално) го полуде и ментално го исфрли од игра крилниот центар на “соничните”, Френк Бриковски. Интересно е што токму со Бриковски заедно за време на слободното лето, Родман тренирал и се забавувал во ноќните клубови во Лас Вегас. На теренот не постојат пријателства. Кога е во прашање шампионската круна, теренот е бојно поле.Кога сме кај воинствени дуели, веќе во следните две години (1997 и 1998) во центарот на вниманието беа двоецот финални пресметки со еден од најмоќните тимови кој никогаш не ја освоил титулата, Јута Џез. Во тоа време Родман “војуваше” со 20 килограми потешкиот од него, Карл Мелоун. “Поштарот” Мелоун, до денешен ден е сметан за еден од најсилните спортисти кој имал кошаркарска топка во своите раце. Но колку и безмилосно да изгледаше сета таа борба, крв и жед за секоја топка, овие две кошаркарски легенди ги спојува нераскинливо пријателство уште од 1984 година. “Поштарот” и “Црвот” биле куќни пријатели и непресушна мотивација еден за друг, посебно во салата за кревање товар.

При крајот на ова кратко интервју, Родман се осврна на еден од најпотценетите играчи во легендарниот состав на Чикаго. Посвети внимание и го објасни партнерот во бековскиот гард до Мајкл Џордан. Зборуваше за Рон Харпер. Еден од најдобрите “споредни” играчи во ’90-тите “Холивуд Харп”, кој по надминувањата на тешките повреди успеваше на двата краја од теренот да даде полн придонес. Се жртвуваше за тимот, во офанзивна како и во дефанзивна смисла.

Уживајте во ова кратко интервју со единствениот, Денис Родман.

NBA FAN

Димитар Младеновски

NBA колумна на Димитар Младеновски-Шампионот на кој не му беше потребна титула (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Профил на Лери Џонсон (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Приказната за Грент Хил (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Кој го уби Лоренцен Рајт? (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Животот на Eди Кари “baby Shaq” (ВИДЕО)