Димитров: Услов за влезот во НАТО ќе биде целосно спроведување на Договорот со Грција

834

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Македонија ќе влезе во НАТО со новото име, а еден од условите во поканата кој ќе треба да се исполнат до конечното членство, ќе биде целосна имплементација на Договорот со Грција.

-Во спогодбата сите овие процеси се вградени во имплементацијата. На Самитот сите земји  членки ќе донесат одлука за испраќање покана за членство, а секогаш има услови што земјата што се кани треба да ги спроведе до членството и во тие услови ќе се предвиди и делот што нас ни преостанува од имплементацијата на договорот со Грција. Ние ќе влеземе во НАТО под новото име Република Северна Македонија, рече Димитров.