NBA колумна на Димитар Младеновски-Животот на Eди Кари “baby Shaq” (ВИДЕО)

1624

Ентони “Еди” Кари Јуниор, ја поседува една од најинтересните и најтурбулентните кошаркарски (како и животни) приказни.

Избран како висок 4-ти пик на драфтот 2001-та година, од родното Чикаго. Од скромниот но ветувачки почеток во дресот на “биковите”, преку преселбата во Њу Јорк и проблемите кој настанаа таму. Кари преку ноќ од потенцијална ѕвезда и еден од најперспективните високи играчи во лигата се претвори во кошмар за навивачите во “големото јаболко”.

Во сезоната 2003/2004 (на само 24 годишна возраст), Кари во просек постигнуваше близу 20 поени и беше близу до “All Star” настап, помеѓу најголемите NBA ѕвезди. Првиот знак на проблемите кој доаѓаат почна да станува се по јасен токму кога “биг Ед” почна на дело да го покажува својот потенцијал.

По констатирањето на нерегуларната работа на неговото срце при спортските активности кој секојдневно ги имаше, набрзо дојдоа и проблемите со килограмите. Веднаш потоа дојдоа и повредите. Кари без потребната насока и дисциплина која му недостасуваше, од огромен талент дојде до само 10 настапи во дресот на “Никси” во времетраење од 2008 и 2011 година. Пропушти речиси цели три години во период кога требаше најмногу да напредува.Следуваше краток настап за тимот на Далас Маверикс и 14 средби за шампионскиот тим на Мајами Хит, со кој ја освои шампионската титула во 2012 година. Еди доби шанса да настапува за првокласна организација исполнета со фантастични атлети и доби лимитирана минутажа. Искуството секако дека беше бесценето.

Откако стана NBA шампион (без некој значителен придонес за тимот од Флорида) се пресели во Кина и 2013-тата ја помина во дресот на Зечијанг. Но потоа, на само 30 години “малиот Шек” (како што го нарекуваа поради својот огромен талент и потенцијал) не заигра повторно се до 2018 година.  Паузираше цели 5 години. За време на паузата се случија безброј проблеми и турбуленции во неговиот живот. Во петгодишниот период кога не беше активен, го погоди тешка трагедија. Неговата поранешна сопруга и неговата малолетна ќерка беа убиени. Финансиските проблеми дојдоа набрзо и Кари влезе во листата на играчи кој набргу по завршувањето на своите играчки денови се нашол на работ од банкрот.

Беше речиси непрепознатлив, разочаран, и далеку од очите на јавноста. Дури и неговите најверни навивачи беа убедени дека шансите повторно да го видат на теренот се минимални.Песимизмот кој владееше успеа да му го уништи неговиот добар пријател, поранешниот NBA шампион, Стивен Џексон во Јуни 2018 година. Кари заедно со Џексон се приклучи на “BIG 3” лигата каде настапуваше за тимот на “Killer 3’s” под палка на еден од најголемите мотиватори во историјата на кошарката, големиот Чарлс Оукли. Не само што Кари играше солидно, туку и тимот имаше одлична сезона доаѓајки до големото финале. Само 2 месеци подоцна, Кари доби шанса во Азиската лига каде (барем за момент) повторно ја видовме онаа енергија и желба за игра по која го паметиме уште во средношколските денови, настапувајќи за Торнвуд (Илинооис).

Во прилог следува видео за една од најголемите кошаркарски средношколски ѕвезди во Америка. Приказна за “големото дете” кое се соочи со најразлични проблеми и трагедии. Сторија за џинот со големо срце, за големиот пријател кој за жал (како и многумина пред него) не го достигна својот неспорно висок потенцијал. Еди Кари денес е (веќе) 38 годишен слободен играч, без ангажман. Но, денес е во друштво на своите деца и е конечно среќен.

NBA FAN
Димитар Младеновски