МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата на македонската кошаркарска сцена.
“Металците“ славеа во финалната серија против Пелистер со 3-1 во победи, за деветта титула на клубот во последните десет сезони.
Аеродромци беа подобар ривал од битолчани во секој поглед, доминираа во најголемиот дел од мечот и заслужено стигнаа до победата со кој избегнаа мајсторка и ставија печат на новиот шампионски трофеј. Конечни 93-102 за ново славје на сино/белите.
Како посебен “шмек” на целата приказна е освојувањето на титулата на браќата Стојановски кој неспорно се меѓу најголемите имиња во историјата на нашата кошарка. Нивната стабилна игра беше клучна за новиот успех и деветата титула за МЗТ Скопје Аеродром. Нивното срце и посветеност добива легендарен статус.
Честитки за браќата како и за “фамилијата” од Аеродром.
Апсолутно заслужено.
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















