-Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!
На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.
Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.
Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво.
Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.
Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи. Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!, пишува Тошковски на Фејсбук.












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)



















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)


