NBA колумна со Димитар Младеновски-Денис Шрудер со фантастичен потег

612

Германскиот репрезентативец, и плеј на “Оклахома Сити Тандер”, Денис Шрудер, во текот на вчерашниот ден, направи одличен бизнис потег. Шрудер стана сопственик на германскиот кошаркарски клуб Брауншвајнг. Ултра брзиот плејмејкер на “грмотевиците” ја започна својата кариера токму во клубот кој го купи. Првите кошаркарски почетоци, 26 годишниот кошаркар ги направи во клубот јужно до Хратските планини. “Освен што станав сопственик, ми претпоставува огромно задволство, да се вратам на моето родно место. Сакав да се вратам и да вложувам во регионот кој заслужува повеќе. Лично сум убеден дека нашиот клуб може да се развие во најдобар во лигата, и да биде конкурент за шампионскиот трон (во Германија)” – изјави Шрудер.Денис Шрудер ја играше најзрелата сезона во кариерата, пред прекинот на првенството поради епидемијата. На изнанедување на најголемиот дел од кошаркарската јавност, тимската хемија на неговиот тим беше на високо ниво и покрај огромните промени кој тимот од  Оклахома ги претрпе во текот на летото 2019. Успеа да ја приспособи својата игра на највисоко ниво, покрај ветеранот Крис Пол и иднината на тимот, плеј мејкерот Шеј Гилгеус-Александер кој како нови играчи пристигнаа во неговиот тим. Има најдобри статистички карактерситики во неговата 7 годишна професионална кариера.Интересно е податокот што еден од најдобрите играчи кој дошол од Германија, е одличен пријател со нашиот Перо Антич, со кој заедно дебитираа на големата сцена во 2013 година. Германската “напаст” (како што го нарекуваат) важи за еден од главните фаворити за наградата “најдобар 6-ти играч” (најдобра резерва) во NBA.

NBA FAN

Димитар Младеновски