Кевин Дурент се сели повторно на Запад.
Според информациите кој пристигнуваат од САД, еден од најдобрите стрелци во лигата преминува во тимот на Феникс Санс.
Во Бруклин пристигнуваат Кем Џонсон, Микел Бриџис, Џеј Краудер како и четири пикови од првата рунда на драфтот во наредните години.
Со овој потег, “Сонцата” преку ноќ стануваат еден од најопасните офанзивни тимови во NBA.
Лос Анџелес Лејкерс (конечно) успеа да се ослободи од Расел Вестбрук и неговиот богат договор.
Рано утрово се случи трампа помеѓу “Ел-Еј”, Јута Џез и Минесота Тимбервулвс. Расел Вестбрук е трејдуван во Јута, од Минесота во “Лејкерси” доаѓаат Малик Бизли, Џарид Вандербилт а се враќа и Дианџело Расел кој своите први две сезони ги мина токму во оваа средина. Мајк Конли преминува во Минесота на која многу ќе им значи неговото непроценливо искуство.
Во оваа комплексна трампа голема е веројатноста да бидат вклучени и крилата на тимот од Калифорнија, Хуан Тоскано-Андерсон и Демиен Џонс како и Никел Александер-Вокер кој се очекува од Јута да премине во Минесота.
По детална анализа на овие размени ќе има во блиска иднина.
NBA FAN
Димитар Младеновски