Поранешниот NBA играч, Ајзеа Кенан ќе го предводи нападот на Олимпијакос.
31-годишниот плејмејкер потпиша двогодишен договор со грчкиот тим. Се работи за искусен бек со богато искуство. Кенан беше драфтуван од страна на Хјустон Рокитс во 2013 година. Помина две сезони со “ракетите” пред да премине во Филаделфија. Во NBA настапуваше и за Чикаго, Феникс, Минесота и Милвоки пред (во 2020 година) да се пресели во руски УНИКС Казан каде се задржа 18 месеци. Претходната сезона настапуваше турски Галатасарај за и постигнуваше просечни 12 поени и 6 асистенции по натпревар.
Тимот од Пиреја сериозно се подготвува за следното првенство. Актуелниот грчки шампион веќе го доведе американскиот центар (со руски пасош) Џоел Боломбој кој пристигна од ЦСКА Москва, а по доведувањето на Ајзеа Кенан се очекуваат нови аквизиции за грчкиот спортски гигант.
Уживајте во најубавите моменти во изведба на популарниот “Сип” од натпреварувачката 2021/2022.
Димитар Младеновски