NBA со Димитар Младеновски-Расел Вестбрук е нов играч на Лејкерс

864

Во ноќта кога беше одржан NBA драфтот на кој на големата сцена беа избрани најновите надежни таленти, и потенцијални ѕвезди, една информација го засени целокупниот процес. Како бомба одекна најновиот ангажман на Лос Анџелес Лејкерс. Расел Вестбрук се враќа дома!Во размена помеѓу Вашингтон Визардс, “езерџиите” го добија поранешниот MVP. Во спротивна страна во обемен пакет, заминаа Кајл Кузма, Монтрезл Херл, Кантевиус Калдвел-Поуп и два идни избори на следните драфтови. За 32 годишниот Вестбрук ова претставува враќање дома. Тој е родум од Лонг Бич, во Калифорнија. Одличниот однос со главните ѕвезди, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беше пресудна за новата преселба на еден од најдобрите плејмејкери во историјата на лигата.Ова е дури четврти тим за Вестбрук во последниве четири години. Првите 11 сезони ги мина во тимот кој го доведе во NBA, Оклахома Сити. Следуваше една година во Хјустон. Ланската сезона ја мина во Вашингтон, пред синоќешната преселба во “градот на ангелите”. Последното првенство имаше одлични статистички бројки. Заврши со трипл-дабл просек (трет пат во кариерата) со над 22 поени, 11 скокови и 11 асистенции. Тој е единствениот играч по легендарниот Оскар Робертсон, кој успеал едно првенство да го заврши со двоцифрен број во три статистички категории, а единствениот кој три пати (во три години) тоа му пошло од рака.Во наредните денови ке следува подетална анализа за овој мега трејд кој и тоа како ги засилува шансите на довчерашниот шампион за враќање на стариот сјај.

NBA FAN

Димитар Младеновски