NBA-Видео од судирот помеѓу Грин и Пул!

404

Веќе објавивме за инцидентот на тренингот на Голден Стејт Вориорс, помеѓу Дрејмонд Грин и Џордан Пул.

NBA-“Воините” се судрија меѓу себе!

На социјалните мрежи исплива видео запис од несекојдневната ситуација. “ТМЗ” успеа да дојде до клип на кој се гледа како Грин го нокаутира Пул.  По објавувањето на видеото многу NBA играчи го осудија однесувањето на ветеранот Грин.

Двајцата кошаркари често влегуваат во вербални расправии но, вакво нешто никој не очекуваше. Се очекуваат сериозни дисциплински постапки. Дрејмнод Грин е познат по својот избувлив темперамент и не е новина да влезе во дуел со некој свој соиграч.

Останува да видиме како ќе постапи управата на актуелниот шампион и колкава ќе биде суспензијата за ваквото неспортско однесување.

NBA FAN
Димитар Младеновски