Синоќешниот натпревар, помеѓу Јута Џез и Индијана Пејсерс, го одбележа дуелот помеѓу центрите, но не од поентерски аспект. Руди Гоберт и Мајлс Тарнер имаа судир кој за “влакно” не заврши трагично.На 4 минути до крајот на натпреварот, при еден дуел во рекетот, Тарнер успеа да го оттурне од себе 216 сантиметри високиот француски репрезентативец. Бесен дека не е досуден прекршок над него, Гоберт возврати, при што двата џина се најдоа лице в лице. Навремената реакција на играчите на двата тима беше причина за раздвојување на вжештените глави, пред да дојде до нешто посериозно.Во втор план остана крајниот резултат од натпреварот. Индијана успеа да извојува голема победа, на гости (во Солт Лејк Сити) со 111-100.
NBA FAN
Димитар Младеновски