NBA-“Воините” се судрија меѓу себе!

390

Рано утрово стигна исклучително несекојдневна вест од NBA.

Според еминентниот “Спорт Илустрејд”, на последниот тренинг на Голден Стејт Вориорс дошло до физичка пресметка помеѓу Дрејмонд Грин и Џордан Пул. Информацијата ја пренесе и “Атлетик” односно Шем Шаранија и Ентони Слејтер кои тврдат дека конфликтот бил далеку повеќе од вербален.

“Воините” (наводно) го прекинале тренингот по физичката пресметка помеѓу своите два играчи. Се тврди дека Грин бил далеку по агресивниот во овој случај, како и многу пати претходно. Двајцата често влегуваат во вербални расправии но, овој пат “границата била премината” и се очекуваат сериозни дисциплински постапки. Дрејмнод Грин е познат по својот избувлив темперамент и не е новина да влезе во дуел со некој свој соиграч.

Во текот на летото се дискутираше околу продолжувањето на договорите на главните играчи во тимот. Во блиска иднина, тимот од Калифорнија ќе мора да се ослободи од еден од своите идни слободни агенти меѓу кој се токму Дрејмонд Грин и Џордан Пул како и ланскиот “All-Star” стартер Ендјру Вигинс и Клеј Томсон.

Како што пренесуваат медиумите преку “барата”, неизбежни се суспензии а случајот ќе биде расветлен во наредните денови. Актуелниот шампион ја отвара сезоната против Лос Анџелес Лејкерс на 18-ти Октомври.

NBA FAN
Димитар Младеновски