NBA-Селтикси до седма победа по ред (ВИДЕО)

445

Синоќа, Бостон го пречека Денвер во обид да ја продолжи одличната серија.

“Селтикси” одиграа силна колективна кошарка што на крајот резултираше со седми триумф по ред (108-102). Прв стрелец беше Џејсон Тејтум со 24 поени, следен од Маркус Смарт кој постигна 22. Новодојдениот Дерик Уајт во своето деби постигна 15 за својот нов тим. На спротивната страна Никола Јокич (за само 26 минути игра) постигна трипл-дабл учинок, но ниту 23 поени, 16 скокови и 11 асистенции не беа доволни за гостите да забележат победа во “Ти-Ди” гарден.

NBA FAN

Димитар Младеновски