Ги „сврте“ половина холивудски дами: Кара Делевињ сега си ја фати ќерката на Синди Крафорд

587

Прекрасната 18-годишна Каја Гербер заврши во прегратките на моделот Кара Делевињ (27).

Моделот Кара Делевињ (27) беше фотографирана со 18-годишната ќерка на Синди Крафорд, манекенката Каја Гербер, како разменува нежности за време на протест во Лос Анџелес, па многумина претпоставуваат дека можеби сега се заедно.

Двете девојки заедно го минаа и периодот на карантин во текот на пандемијата.

Кара ја држеше Гербер за струкот, јавно си покажуваа емоции и шетаа фатени за раце, но нема ништо официјално дали се пар или пријателки.

Каја до декември се состануваше со Пит Дејвидсон, поранешниот свршеник на пејачката Аријана Гранде, кој беше и во врска со 46-годишната актерка Кејт Бекинсејл.

Листата на девојки на Кара Делевињ е навистина долга, а меѓу познатите дами со кои ја поврзуваа се Кендал Џенер, Мишел Родригез, Мајли Сајрус, Ешли Бенсон итн.

 

Click to enlarge image 18.jpg