Мајами Хит поведе со 2:0 во серијата против Филаделфија 76ерс.
Рано утрово “жешките” победија со 119:103 и максимално ја искористија предноста на домашниот терен. Во салата присуствуваше најдобриот играч во тимската историја, легендарниот Двејн Вејд кој влеа дополнителен мотив за добра претстава.
Бем Адебајо и Џими Батлер беа најзаслужни за радоста на навивачите од Флорида со 23 односно 22 постигнати поени. Виктор Оладипо потсети на сјајната форма пред повредите и постигна 19 поени а најдобрата резерва во лигата, Тајлер Хироу прокнижи 18 поени.
“Сиксерси” се надеваат на враќањето на својот најдобар играч Џоел Ембид кој отсуствувa поради повреда. Без него имаат минимални шанси за враќање во игра. Серијата се сели во Филаделфија каде третиот меч ќе се одигра за два дена од сега.
NBA FAN
Димитар Младеновски