Екипата на Борнмут се враќа во Премиер лигата.
“Црешите” се враќаат помеѓу најсилните по двегодишна пауза по победата над Нотингем Форест со 1:0 во “Ченпионшип” лигата. Во директниот дуел за втората позиција која носи директен пласман во најелитното англиско натпреварување, “црвено-црните” славеа со голот на велшкиот интернационалец Кајфер Мур во 83 минута.
Со новиот триумф Борнмут стигна до 85 бодови, шест повеќе од третопласираниот Нотингем кој ја има загарнтирано оваа позиција. Пред само неколку дена, првопласираниот Фулам исто така го осигура пласманот во Премиер лигата.
За последниот билет ќе се борат (во бараж) екипите кои се од третото до шестото место на табелата. Нотингем Форест и Хадерсфилд сигурно се таму, а за другите две места конкурираат Шефилд Јунајтед, Лутон, Мидлсбро и Милвол. До крајот на регуларниот дел на сезоната има уште едно коло.
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











