Ана Бекута ја откри тајната на својот нов изглед: „Со оваа диета ослабев 17 килограми“

200

Српската пејачка Ана Бекута и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ се на диета која дефинитивно дава резултати.

Партнерот на Ана се пофалил дека за една година успеал да ослаби неверојатни 25 килограми, додека Ана ослабела 17 килограми за неколку месеци.

Тајната на Милутин е во тоа што ја променил исхраната, не пие и избегнува благо и леб, а во текот на денот има 4 или 5 помали оброци.

Ана, пак, секоја недела има ново мени според кое подготвува јадења за себе, а во исхраната најмногу користи овошје, зеленчук, додека месо подготвува во мали количини. Пејачката исто така избегнува сол во храната, а од зачини става доста бибер и куркума.

Таа исто така препорачува доста течности како што се чај и вода. Покрај одличниот изгледа многумина забележале дека Ана ја променила бојата на косата и дека се разубавила.

Доколку и вие сакате се „преполовите“ како Ана и Мрка следете ги нивните совети…

Фото: АТА