Тимот на Денвер Нагетс сериозно се засили за време на трансфер периодот. Доведувањето на Ерон Гордон и Џавејл Мек Ги беше одличен потег на управата. Нивната игра во последно време ја покажува нивната сестраност и моќ, посебно во решавачкиот дел на натпреварите. “Нагетси” ја остварија четвртата победа по ред, на гостински терен против Лос Анџелес Клиперс.
Во натпревар на кој водеа од самиот почеток па се до крајот, импресионираше тимската игра на тимот од Колорадо. Балансираниот напад беше предводен од Џемајл Мареј со 23 поени. Беше следен од Мајкл Портер Јуниор со 20 а новоангажираниот крилен центар, Ерон Гордон, имаше 14 исто колку нивниот лидер Никола Јокич.
Исклучително драматичен меч се одигра во Сан Антонио помеѓу домаќините Спарс и Атланта Хоукс. Беа потребни дури две продолженија од 5 минути за да го добиеме победникот. “Јастребите” беа посконцентрирани во самиот финиш и успејаа да остварат важна гостинска победа (134-129). За победничкиот тим дури тројца играчи постигнаа по 28 поени (Треј Јанг, Клинт Капела и Бојан Богданович). Одличната партија на Демар Дерозан (36 поени и 9 асистенции) не беше долволна за одбрана на домашното тло.Tимот на Бруклин Нетс продолжува да реди победи. Иако ростерот не е комплетен каде недостасуваат 5 играчи поради повреди, Кајри Ирвинг се погрижи “нетси” да ја остварат четвртата убедлива победа по ред (конечни 111-89).
Сјајниот бек го предводеше својот состав со 15 поени и 11 асистенции, а ветеранот Џеф Грин пружи одлична игра постигнувајќи 21 поен. Новото засилување, крилниот центар Ламаркус Олдриџ, го имаше своето деби за тимот од Њу Јорк. Искусниот поранешен All-Star постигна 11 поени во новиот дрес. Со овој триумф, Бруклин конечно е лидер во Источната конференција со една победа повеќе од Филаделфија.Уште двајца играчи го имаа своето деби за својот нов клуб. Тревор Ариза и Виктор Оладипо го облекоа дресот на Мајами и придонесоа за нова победа на тимот од Флорида против поранешниот шампион, Голден Стејт Вориорс. “Жешките” го одбранија домашниот терен од налетот на “воините”. Конечни 116-109. Лидер во победата беше капитенот Џими Батлер со 22 постигнати поени следен во чекор од шутерот Данкан Робинсон со 21 и Тајлер Хироу со 20. На спротивната страна, Стеф Кари постигна 36 поени а неговиот бековски партнер Ендрју Вигинс 23, недоволно за гостински успех.
NBA FAN
Димитар Младеновски