Парондо сликовито ја објасни (не)идеалната ситуација во клубот оваа сезона

158

Тренерот од кого се очекуваше малку, а постигна многу (пласман на Ф4 во Келн), Роберто Гарсија Парондо, за шпанските медиуми се обиде да објасни за условите во Скопје и дека не може да се живее со 500 евра.

Тој исто така зборуваше за патот на Вардар кон полуфиналето во Келн годинава, трета сезона по ред.

Парондо беше искрен во изјава дадена за високо тиражниот АС, каде го пофали и првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, кој се заложил дека ќе ги исплати сите заостанати плати и долгови кон играчите.

Вардар имаше доста комплицирана сезона, на крајот сепак успеавме да стигнеме до Келн, меѓу најдобрите 4 екипи во Европа. Генерална оценка е дека ова е изненадување сезонава, што се пласиравме во полуфиналето“.

„Добивме плата, а подоцна цела сезона добивавме по 500 евра секој месец, што ни е загарантирана сума. Но во Македонија не може да се живее со таа сума на пари во еден месец. Иако условите не беа идеални, ние не бевме очајни. Претседател го прифати долгот и ни вети пред нотар дека никој нема да остане со кратки ракави“, истакна Парондо.

Сега на Вардар го очекува големиот предизвик, полуфиналето со Барселона во Келн, меч кој повторно може да биде историски за „црвено-црните“, како и во 2017 година.