NBA-Рајли го носи Мичел на Флорида?

1009

По завршувањето на сезоната, тимот на Мајами Хит сериозно почна да се подготвува за наредната натпреварувачка година.

Тимот на легендарниот Пет Рајли од сезона во сезона напредува и се промовира во еден од најсилните состави на истокот. Ова лето се очекуваат одредени промени а првата (и највозбудлива) е поврзана со една од најдобрите млади ѕвезди во лигата.

“Жешките” се решени во своите редови да го доведат Донован Мичел од Јута Џез. Ситуацијата кај “џезерите” е (најблаго кажано) комплицирана. По трите сезони по ред во кој не успеаа да направат сериозен плејоф продор за очекување се сериозни промени. Се почесто се говори дека стартниот центар Руди Гобер ќе го напушти Солт Лејк Сити но, сега и главната ѕвезда на тимот е пред излезна врата.

Мичел е 25 годишен трикратен All-Star и еден од најдинамичните бекови во NBA. Многуми велат дека токму тој е тоа што му е потребно на Мајами за враќање во големото финале, кое годинава го пропуштија губејќи на домашен терен во решавачкиот седми натпревар од Бостон Селтикс. При евентуално доаѓање на популарниот “Спајда” на Флорида во спротивен правец би заминале најдобриот шести играч сезонава – Тајлер Хироу, шутерот Данкан Робинсон, бекот Гејб Винсент и пик од првата рунда на драфтот.

Не очекува возбудливо лето па останува да видиме дали Мајами ќе успее во своите желби да доведе уште една ѕвезда покрај Џими Батлер и Бем Адебајо.

NBA FAN

Димитар Младеновски