Почетна Живот Марија Шерифовиќ: „Тоше Проески е единствениот изведувач со кој сакав да снимам...

Марија Шерифовиќ: „Тоше Проески е единствениот изведувач со кој сакав да снимам дует“ (видео)

594

Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите пејачки во регионот  која благодарение на својот вокал ги полни сите сали каде и се појави.

Марија зад себе има многубројни хитови, но нема многу дуети. Во интервју за 24сата.хр таа откри со кој изведувач би сакала да сними дует.

„Не размислував, но постојат некои преговори. Постои само еден пејач со кој имав желба да снимим дует, но во оваа епизода, во овој живот не успеавме. Тоа беше Тоше Проески. Тоа беше моја искрена желба“ вели Марија.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/24САТА

Таа исто така откри дека најверојатно ќе сними некој дует во иднина, но не сакаше да открива детали.

Шерифовиќ откри што најмногу и се допаѓа кај Јелена Карлеуша.

„Ние сме многу различни, но сепак постои една тенка линија која не спојува. Јелена е интелигентна личност, но никогаш не би рекла дека ќе се разбереме толку добро“ вели Шерифовиќ.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение.