Рома и Жозе Мурињо ги насочуваат своите планови за следното првенство.
Во италијанските медиуми се појави информација за кое име е заинтересиран трофејниот стратег. Се работи за 24 годишниот бразилец Даглас Луиз кој настапува во Астон Вила.
Рома има одлично искуство со англиски играчи. Во тимот се Тами Абрахам и Крис Смолинг кој се снајдоа одлично во дресот на “римската волчица”. Смолинг пристигна од Манчестер Јунајтед а Абрахам пристигна од Челзи. Двајцата англиски играчи беа практично заборавени од своите поранешни тимови и откако ја добија потребната минутажа се покажаа во вистинско светло во дресот на вечниот град. Оваа сезона беа меѓу клучните ликови во освојувањето на УЕФА купот.
По позитивното искуство, Рома е решена да донесе уште еден играч од Премиер лигата. Во меѓувреме како потенцијални засилувања се споменуваат и Немања Матич како и Џака но, се чини дека Луиз во моментов претставува приоритет.
Сумата која Астон Вила ја побарала за бразилецот е 35 милиони евра, па останува да видиме дали римскиот клуб е спремен да издвои толку средства или преговорите ќе продолжат.
Димитар Младеновски