NBA колумна на Димитар Младеновски-Трансфер треската продолжува

988

Сведоци сме на исклучително возбудлив период на трансфер пазарот во NBA лигата. Следува осврт на неколку размени кој можат да имаат огромно значење за следното првенство.Дали Харден ќе заврши во Бруклин?

Џејмс Харден е цврсто решен да си замине од Хјустон. Доказ за тоа е и неговото одбивање на најновата понуда за продолжување на соработката со “ракетите“. Доколку ја продолжеше верноста кон неговиот Хјустон, “брадата” ќе станеше првиот кошаркар со годишна плата од над 50 милиони долари.Управата на Хјустон му понуди на Харден двогодишен договор за плата од вкупно 103 милиони долари, но одличниот поентер е решен да ги промени клупските бои и да се пресели во Бруклин каде би се придружил на Кајри Ирвинг како и на неговиот поранешен соиграч, Кевин Дурент.Доколку Бруклин се реши да го доведе поранешниот најдобар играч во NBA, се очекува во спротивен правец да замине пакет од млади и перспективни играчи. Одличниот стрелец Спенсер Динуди како и дефанзивниот колос Џаред Ален прединечат на листата на желби од страна на управата на тимот од Тексас. Керис Леверт, кој е еден од најпотценетите поентери во светот, би го облекол “црвено/белиот” дрес заедно со крилото Торијен Принс.Останува да видиме дали ке се случи т.н. “супер тим” во Бруклин?

Милвоки составува најсилен тим на Истокот!

Во сезоната која е последна од договорот на Јанис Антетокумпо со “бакси”, управата на Милвоки уште пред почетокот на преодниот рок, составува конкурентен тим околу него со цел да го задржи. Најпрво го ангажираа поранешниот All-Star, плејмејкерот Џру Холидеј во замена за искусниот бековски тандем сочинет од Ерик Бледсо и Џорџ Хил кој заминаа во Њу Орлеанс. “Пеликаните” ќе добијат и два пика во наредниот драфт од овој “дил”.Веднаш потоа следуваше уште едно ново име. Еден од најдобрите шутери на денешницата, српскиот репрезентативец Богдан Богданович следната сезона ке биде главен поентер во нападот на “елените”. Договорен е “потпис – трејд” помеѓу двата тима. Во Сакраменто доаѓаат младите и талентирани Донтеј Ди Винченцо и Ди Џеј Вилсон, заедно со искусниото турко крило, Ерсан Илијасова.Останатите трансфери

Додека се чека одлуката за Харден, Бруклин веќе ангажира солидна “бек ап” варијанта во Брус Браун. Во Детроит го прати еден од најголемите босански таленти, 206 сантиметри високиот Џанан Муса.И Портланд не седеше со скрстени раце. Го доведе еден од најдобрите дефанзивци во лигата, крилото Роберт Ковингтон а во спротивен правец заврши ветеранот Тревор Ариза, за кој (интересно) ова ке биде трет пат во кариерата како ќе го носи дресот на “ракетите”.

NBA FAN

Димитар Младеновски