Српскиот шампион го доведе “лавот” од Гана (ВИДЕО)

476

Црвена Ѕвезда доведе уште едно странско засилување.

Бенџамин “Бен” Бентил по освојувањето на италијанското првенство со Олимпија Милано, се сели во Белград и следната сезона ќе ги брани боите на српскиот шампион. 27-годишното америчко крило е родум од Гана. Поседува богато интернационално искуство. Во својата кариера до сега настапуваше за Хинџијанг (Кина), Шалон (Франција), Билбао (Шпанија), Бахчешекир (Турција), Олимпија Милано (Италија) и во грчките Перистери и Панатинаикос. Доби шанса да се појави и на NBA терените, во 2017 година кога потпиша 10-дневен договор со Далас Маверикс и се појави на три натпревари.

По ангажирањето на популарниот “Пабло”, црвено/белите најверојатно се откажуваат од ангажманот на американското крило Крис Синглтон кој беше поврзуван со српскиот тим. Во досегашниот дел од трансфер пазарот, “ѕвезда” ги ангажира Немања Недович, Далибор Илич, Филип Петрушев, Хасан Мартин и Џон Холанд. Со сите засилувања во овој преоден рок, тимот од Белград не само што претставува фаворит за освојување на АБА лигата, туку ќе има сериозна улога во најелитно европско натпреварување – Евролигата.

Димитар Младеновски