NBA-Бостон ја израмни серијата (ВИДЕО)

603

Бостон Селтикс израмни на 2:2 во финалето на источната конференција против Мајами Хит.

Фуриозната прва четвртина ја најави доминацијата на домашниот тим кога дозволија на гостите од Флорида да постигнат само 11 поени. До крајот на мечот го одржуваа темпото за голема победа од 102:82. Гранитната одбрана која стана претпознатлив знак на тимот од Масачусец повторно беше на висина на задачата.

Џејсон Тејтум по лошиот трети натпревар се врати во ритам и беше прв стрелец со 31 постигнат поен. Вистинско изненадување беше играта на резервистите Кевин Причард и Дерик Уајт кој за минутажата која ја добија одговорија со 14 и 13 постигнати поени. Џими Батлер и покрај повредата на коленото стисна заби и настапи за тимот од Флорида но, постигна само 6 поени. Разочарувачко издание имаше и all-star центарот Бем Адебајо кој постигна 9 поени и Кајл Лаури кој постигна само 3.

Следниот петти натпревар ќе се одигра во “Американ Ерлајнс” арена, во Мајами за два дена од сега.

NBA FAN

Димитар Младеновски