Италианскиот “Златан” (ВИДЕО)

491

Џанлука Скамака или “Италианскиот Златан Ибрахимович”.

Играч од младинската школа на Рома кој уште како тинејџер важеше за еден од најсветлите “бисери” во Италија. Интересен и необичен е патот кон ѕвездите.

Уште на 15 години ја напушта Рома и се сели во младинскиот тим на ПСВ Ајндховен. Во Холандија се задржува се до потпишувањето на својот прв професионален договор, со навршено полнолетство. Дебитираше на 18 години во дресот на Сасуоло пред да биде позајмуван во неколку наврати за да добие шанса за игра како и да го стекне неопходното искуство. Настапуваше за Кремонезе, Цволе, Асколи и Џенова. По враќањето во дресот на Сасуоло повторно ја потсети јавноста дека со право беше сметан за еден од најталените млади играчи на “чизмата”.

Годинава Скамака настапи на 36 натпревари и постигна 16 голови. Во Април годинава 23 годишниот напаѓач го продолжи својот договор со Сасуоло до 2026 година. Настапи за сениорскиот тим и го оствари сонот од детството да ја претставува својата земја и да го носи националниот дрес. Уште во зимскиот преоден рок почнаа да се шират информации дека по крајот на сезоната ќе го промени дресот. Голем број на клубови се заинтересирани да го доведат во своите редови.

Англиските тимови се можеби најконкретни во своите понуди. Најпрво Арсеанал а потоа Њукасл и Вест Хем сериозно “загризаа” за младиот римјанин. Беше поврзуван и со Наполи и Интер но, во последно време се “шушка” дека 195 цм. високиот напаѓач би можел да остане во Сериа А и тоа во дресот на новиот шампион Милан. “Италианскиот Златан” како што го нарекуваат фановите ќе има исклучително интересно лето пред него.

Додека очекуваме официјална потврда од неговиот менаџерски тим, уживајте во ова видео.

Димитар Младеновски