NBA-Започнува преодниот рок

369

Ви го пренесуваме најинтересното од првиот ден на официјалното отварање на преодниот рок.

-Кајри Ирвинг останува во Далас. За тригодишна верност ќе добие (цели) 126 милиони долари. Кај “мавси” се враќа и шутерот Сет Кари.

-“Лејкерси” најавуваа сериозни засилувања но, првиот ден од преодниот рок беше разочарувачки. Нови играч во “Ел-Еј” се Кем Редиш (од Њу Јорк), Ториен Принс (од Минесота) и Гејб Винсент (од Мајами). Тимот го задржа Руи Хачимура . Во наредните денови се очекуваат по конретни потези на управата на тимот, доколку имаат намера да се борат за NBA тронот.

-Во старата средина останува Дрејмонд Грин. Од Голден Стејт ќе добие 100 милиони долари во период од четири години. Крис Миделтон останува во Милвоки и за три години ќе добие 102 милиони долари.

-Бекот на актуелниот шампион, Денвер Нагетс, Брус Браун на најдобар можен начин ја “наплати” добрата игра за време на плејофот. Индијана Пејсерс е новиот тим на Браун кој за двогодишен договор ќе инкасира 45 милиони долари.
Во Индијана останува еден од најталентираните млади бекови во NBA. Тајрис Халибартон за петгодишна верност ќе заработи 260 милиони долари.

-Фред Ван Влит го напушта Торонто и се сели во Хјустон. За три години ќе заработи (неверојатни) 130 милиони долари. Ова претставува најбогат договор кој го потпишува играч кој не бил драфтуван во NBA. Според повеќето аналитичари, “ракетите” прескапо го платија ново ангажираниот бек.

-Кајл Кузма останува во Вашингтон а Џереми Грент останува во Портланд. Двете крила ќе заработат преку 100 милиони долари за својата “верност” кон своите тимови.

-Германскиот репрезентативец, Денис Шрудер се сели во Торонто. За две години ќе заработи 26 милиони долари. “Репторси” го задржаа центарот Јаков Портел кој за четири години ќе заработи 80 милиони долари.

-Чикаго го задржа Коби Уајт а бековската позиција ја засили со Џевон Картер кој доаѓа од Милвоки. На огромно разочарување на нивните навивачи, не успеаа да го доведат миленикот на публиката, Дерик Роус кој потпиша двогодишен договор со Мемфис Гризлис. Kaj “гризлис” останува Дезмонд Бејн кој за пет години ќе инкасира 207 милиони долари.

NBA FAN
Димитар Младеновски