Италијанците откриваат што дофрлил Роналдо до Сари кога излегувал од игра (ВИДЕО)

112

Фудбалерите на Јувентус пред своите навивачи го победија Милан со 1:0 во дербито од 12-тото коло во Серија А.

„Старата дама“ го победи Милан во дербито со 1:0 и успеа да освои три бода. Јувентус до победата стигна со голот на Дибала во 77-та минута од натпреварот.

Меѓутоа деталот кој го обележи вчерашниот натпревар се случи во 55-тата минута. Тогаш Маурицио Сари на изненадување на сите се одлучи од игра да го извади Кристиано Роналдо и на негово место влезе Дибала кој подоцна го реши дербито.

Роналдо и самиот беше изненаден од измената и тоа можеше да се забележи од неговата реакција. Португалецот не седна на клупата за резерви туку продолжи право во соблекувалната, а медиумите пишуваа дека и го напуштил стадионот пред натпреварот да заврши.

На снимката кога Роналдо излегуваше можеше и да се забележи и дека нешто му дофрли на Сари.

Италијанците сега откриле што Португалецот во таа прилика му дофрлил на својот тренер. Наводно Роналдо извикал: „vai pra o caralho“ што на португалски значи „од**би“.