Грчките великани почнаа со засилувања

485

Од ден во ден се зголемува бројот на играчи кој ја менуваат средината.

Последен во низата на кошаркари кој на почетокот на следното првенство ќе облече нов дрес е францускиот репрезентативец, Матијас Лесорт.
Атински Панатинаикос е новиот тим на крилниот центар кој се наоѓа во најдобрата форма во својата професионална кариера. По освојувањето на ABA лигата и одличната сезона која ја одигра, беше само прашање на време кога најголемите клубови во Европа ќе го ангажираат големиот борец.

За “детелинките” ова е трето засилување во неполни 7 дена. Најпрво го доведоа Костас Антетокунпо (од Фенербахче) а потоа пристигна аргентинскиот репрезентативец, Лука Вилдоза кој ланската сезона ја мина во Црвена Ѕвезда. Тимот ќе го предводи туркиот стручњак Ергин Атаман под чија “палка” се очекуваат уште големи промени и високи резултати.

Во меѓувреме, нивниот најголем ривал, Олимпијакос ги објави своите нови адути. По несреќниот пораз во големото финале, тимот од Пиреја не седеше со скрстени раце. Повратник во тимот е одличниот српски интернационалец Никола Милутинов кој по две години поминати во ЦСКА Москва, се враќа во старата средина.
Нов играч на “црвено-белите” е и довчерашниот бек на актуелниот шампион, Реал Мадрид, Најџел Вилијамс-Гос.

Доколку се има во предвид дека ова е само почеток на преодниот рок а двата грчки клуба имаат сериозно висок буџет, за очекување се нови засилувања кој ќе ги направат сериозни фаворити за Европскиот трон.

Димитар Младеновски