Лос Анџелес Клиперс синоќа ја пречека Индијана Пејсерс.
Хрватскиот репрезентативец, Ивица Зубац го имаше мечот на кариерата.
Младиот центар реализира фантастичен “дабл-дабл” учинок составен од 31 поен и 29 скокови и беше најзаслужен за победата од 114:100. Тој додаде и 3 асистенции и 3 блокади.
На Зубац му недостасуваше само еден скок за “магичниот” учинок 30+30, односно натпревар со најмалку 30 поени и 30 скокови.
Во последните 40 години, тоа им успеа на само двајца кошаркари и тоа се Кевин Лав (во 2010 година) и Двајт Хауард (2018 година).
NBA FAN
Димитар Младеновски