Еден од најмладите членови на македонската репрезентација Филип Талески е исклучително задоволен од изданието во Рејкјавик, во квалификацискиот дуел против Исланд.
Македонија победи и сега е многу блиску до пласман на континенталниот шампионат во 2020 година. Сепак, младиот бек на Рајн Некар призна дека е револтиран од некои работи последните месеци.
„Мора да бидеме задоволни од оваа победа, точно е дека примивме многу голови, но и дадовме многу. Во првите 15 минути одбраната беше слаба и тоа Исланд го искористи. Подоцна ја сменивме формацијата во одбраната и дојдовме до победата. Одлично е ако успееме од двата натпревара да освоиме четири бода, тоа ќе однесе на Европското првенство.
Што се однесува до мојата игра, секогаш сакам да бидам меѓу носителите, но и револтиран сум од македонската јавност која постојано плука по нас. Тоа ми дава екстра мотивација“, изјави Талески.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















