Некогаш талентираната македонска поп пејачка станува позната во Бугарија: Дел од украден живот или со нов живот во себе? (ФОТО)

172

Се сеќавате ли на младата македонска поп пејачка Тамара Ангеловска, која најчесто настапуваше на домашните и меѓународните фестивали од каде носеше и награди?

Пееше и на македонски и на англиски јазик, сними и неколку свои и обработки на туѓи песни и кога сите очекуваа својот талент конечно да го лансира кон ѕвездената музичка елита, Тамара наеднаш ја снема.

Таа беше ученичка во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, отсек флејта и се најавуваше дека откако ќе матурира, своето високо образование ќе го продолжи на еден од најпрестижните факултети за музика во Букурешт, Романија.

И навистина Тамара го одржа ветувањето и замина од  Македонија… Но, не во Романија, туку кај нашиот источен сосед.

Имено, таа се запиша на „Новиот Бугарски универзитет“ во Софија, каде  Тамара продолжи на студиите по опера, на кои им се посвети  по матурирањето.

Оттогаш ретко е во Македонија, уште поретко, или речиси воопшто и не снимаше популарна музика, па остана нејасно дали својата кариера на поп пејачка ја стави во мирување или сосема ја прекина, посветувајќи и се на својата нова љубов и идна професија – класичната музика и оперското пеење!?

И кога сите помислија дека Тамара можеби ќе ја видиме да дебитира на оперската сцена, на штиците што живот значат и за актерите и за музичко-балетските уметници, следуваше шок фотографија која Тамара самата ја сподели на своите профили на социјалните мрежи, а во прв момент сите ги изненади: Пејачката – бремена!!! Трудна, со „стомак до заби“ на фотографијата!

И таман ониие кои ја познаваат, а оддамна не ја виделе почнаа да се прашуваат: Од каде сега пак тоа, кога побргу стигна, кој е среќниот татко и слично, „трудната“ пејачка брзо ја појасни ситуацијата во текстот покрај фотографијата, со тоа што и со појаснувањето одново изненади!

Имено, не е ништо како што изгледа на прва и Тамара во себе не носи нов живот, туку е дел од еден друг „Украден живот“!

Или поточно идната оперска певица, заврши како глумица во истоимената мегапопуларна бугарска ТВ серија која се прикажува и кај нас на ТВ Алфа, во која таа ја добила улогата на бремената Тања.

Љубопитните душегрижници и загрижените пријатели можеа да здивнат, а останатите се израдуваа на новиот успех на младата Македонка, која полека почна да си го трасира патот и гради кариерата… Во која професија и колку ќе  биде успешна: како актерка, флејтистка или оперска певица, времето ќе покаже!?

Како и тоа, дали Тамара воопшто ќе се врати во Македонија и дали можеби  ќе и се врати и на првата љубов – поп музиката, како нејзино хоби?

Фото: Инстаграм принтскрин/tamaraangelovska