На денешен ден, ривалите од Истокот и Западот се судрија во “Роус гарден”.
Ова претставуваше дуел помеѓу Портланд Треил Блејзерс и Чикаго Булс, двата тима кој се бореа за освојување на титулата во големото финале, 1992-ра година. Тогаш Чикаго победи со 4-2, и ја освои втората титула по ред.
На овој меч, “биковите” допатуваа во Орегон по тешкиот натпревар во Сиетл каде претрпеа пораз. Тешкиот распоред не ги спречи таа ноќ да стигнат до посакуваната цел.
Гостите победија со 107:104. Најдобар поентер на натпреварот очекувано беше Мајкл Џордан со 33 поени и 8 асистенции, следен од Скоти Пипен кој реализира 22 поени.
На спротивната страна, Род Стрикланд со 22 и Клифорд Робинсон со 20 поени беа водечки стрелци.
“Булси” стигнаа до единаесетиот триумф во легендарната сезона ’95-’96-та, во која ја освоија четвртата тимска титула. Ова првенство, Чикаго успеа да победи во 72 нaтпревари кој долго време претставуваше NBA рекорд.
Уживајте во најубавите моменти од мечот.
NBA FAN
Димитар Младеновски